Меркел: Германија може да се избори со бегалскиот бран
05.09.2015 11:03
Нема да ги зголемиме даноците. Исто така, се уште имаме цел да постигнеме избалансиран буџет без нови задолжувања, истакна Меркел...

Германија може да се избори со рекордниот прилив на бегалци и мигранти оваа година без да го зголеми данокот и да ја загрози својата цел, а тоа е избалансиран буџет, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Нема да ги зголемиме даноците. Исто така, се уште имаме цел да постигнеме избалансиран буџет без нови задолжувања, истакна Меркел.
Таа нагласи дека поради таквата позиција на Берлин му е полесно да се избори со толку „неочекувани задачи“, додавајќи дека бегалската криза сега е приоритет на германската Влада.
Меркел повторно повика бегалците да бидат рамноправно распределени ширум ЕУ во рамки на заедничката стратегија за соочување со бегалската криза без преседан.
Целиот систем треба да се преуреди, истакна германската канцеларка.
