Прием во Собранието по повод Денот на независноста

07.09.2015 08:56

На приемот е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери...

По повод 8 Септември - Денот на независноста, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вечер ќе приреди свечен прием.

На приемот е поканет државниот врв на Република Македонија, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.