Скопската обиколница затворена за сообраќај

07.09.2015 08:59

Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје...

Скопската обиколница од 7 часот изутрина  е затворена за сообраќај, согласно воведениот времен режим поради снимањето на францускиот филм „A Fond“.
 
Сите возила се пренасочуваат кон влезот во Скопје. 
 
Според Одобрението од Министерство за транспорт и врски од 3-ти овој месец и известувањето од „Мануфактура продукција“, времена измена на режимот на сообраќај на делница 3 Автопат 2, клучка „Хиподром“ -  клучка „Сарај“ (Скопска обиколница)  ќе има 16 дена од 7 до 19 часот.
 
Скопската обиколница ќе биде затворена од 7 до 11 септември,  од 14 до 18 септември, од 21 до 25 септември, како и на 28 септември.