Локализиран пожарот кај Ротино
07.09.2015 09:03
Станува збор за изолиран случај во кој едно патничко возило се запалило во возење, но освен материјални нема други последици...

Локализиран е пожарот кој избувна синоќа кај битолското село Ротино. Од Територијалната против пожарна единица-Битола информираат дека пожарот бил пријавен околу 20 часот, а локализиран во 23 часот.
СВР-Битола и пожарникарските служби констатираа изолиран случај во кој едно патничко возило се запалило во возење, но освен материјални нема други последици.
Во текот на денот надлежните служби ќе соопштат подетални информации за синоќешниот пожар.
