Почесна артилериска стрелба

07.09.2015 09:07

Од страна на единица од артилерискиот баталјон на АРМ ќе бидат истрелани 10 плотуни од артилериски орудија...

По повод 8-ми Септември - Денот на независноста на Република Македонија, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
 
Од страна на единица од артилерискиот баталјон на АРМ, соопшти Министерството за одбрана, ќе бидат истрелани 10 плотуни од артилериски орудија.