Расте интересот за системите за наводнување „капка по капка“

07.09.2015 10:25

Се зголемува интересот за вложување во системите за наводнување капка по капка. Земјоделците за оваа инвестиција добиваат субвенција од 50 % од трошоците...

Од 44 баратели 36 земјоделци годинава ќе добијат субвенции за системите за наводнување капка по капка.

За оваа опрема за производство на пченка, сончоглед и фуражни култури ќе добијат до 920 илјади, а за бунарите 360 илјади денари.

Вкупната вредност изнесува 6,5 милиони денари.

Се субвенционираат надземни и подземни системи, филтри, пумпи цевки и електрична опрема, а за бунарите ископ, шахти, агрегати и генератори.

Парите  се добиваат со ко-финансирање до 50 проценти  од одобрените трошоци.

 

Методија Трајков