Ново рочиште за случајот „Пуч“
На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното беше одложено поради отсуството на Заев...

Во скопскиот Кривичен суд рочиште за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа треба да седне 4-то обвинетиот Зоран Заев. Претходното беше одложено поради отсуството на Заев.
Одбраната смета дека е постигнат политички договор меѓу партиите според кој случајот треба да биде преземен од специјалниот јавен обвинител. Судијата рече дека работи според закон, а не според политички договори, но со согласност од обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски кои се во притвор, главниот претрес беше одложен за денеска.
Лидерот на СДСМ, Заев јавно кажа дека не го признава македонското судство и поради тоа нема да присуствува на рочиштата.
Во случајот „Пуч“ освен Заев, обвинети се екс-директорот на УБК Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен од МВР. Се товарат за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.
