„Ало докторе“: Регистрирани 1.042 повици за една недела
07.09.2015 10:36
Од први септември линијата е засилена со тројца нови специјалисти. Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата од граѓаните...

За една недела се регистрирани илјада и 42 повици на телефонската линија „Ало докторе“. Граѓаните најчесто бараат медицински совет за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и алергиски реакции.
Од први септември линијата е засилена со тројца нови специјалисти. Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата од граѓаните.
За речиси една година од кога работи телефонската линија, има нешто повеќе од 50 илјади повици.
