Досега издадени 64.522 потврди за барање азил

07.09.2015 11:18

И натаму најбројни се мигрантите од Сирија, од Ирак и од Авганистан...

За 24 часа од одделот за азил се издадени речиси 2 илјади потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

И натаму најбројни се мигрантите од Сирија, од Ирак и од Авганистан.

За неполни три месеци низ државава поминале 64 илјади и 500-ни илегални мигранти. Нема нови барања за азил, велат од МВР.