Орбан: Унгарија нема да пука во мигрантите кои ќе ја преминат оградата

07.09.2015 11:21

Будимпешта е отворена за разговори за европските бегалски квоти...

Унгарија не планира да пука во мигрантите кои ќе се обидат да ја преминат оградата на границата со Србија, но ќе бидат спречени. Ова го изјави унгарскиот премиер Орбан, додавајќи дека Будимпешта е отворена за разговори за европските бегалски квоти.

Тој ги повика Австрија и Германија да ги затворат границите и самиот ја спушти рампата за два воза од Србија кои превезувале мигранти. Берлин и најавуваат дека постепено ќе ја спуштат рампата, бидејќи досегашните мерки беа привремени.

Германија вети 3 милијарди евра помош за општините што се справуваат со рекорден број мигранти, а се проценува дека ќе бидат потребни 10 милијарди.

Пратениците во Бундестагот директно ги обвинија САД за бегалската трагедија и побараа владата да инсистира на финансиска помош од Белата Куќа за нивно сместување.