Курдски милитанти убиле 16 турски војници

07.09.2015 11:33

Иако бројот не е официјално потврден, претседателот Реџеп Таип Ердоган потврди дека имало напад во покраината Хакари, кај турската граница со Иран...

Курдски милитанти убиле 16 турски војници во напад врз конвој оклопни возила на југоистокот од земјата. Ова е најголем број на загинати од прекинот на примирјето договорено во јули.

Иако бројот не е официјално потврден, претседателот Реџеп Таип Ердоган потврди дека имало напад во покраината Хакари, кај турската граница со Иран.

Премиерот Ахмет Давутоглу свика итна седница во Анкара со учество на главните цивилни и воени власти, а турски воени авиони се испратени да ги бомбардираат упориштата на бунтовниците.