125 професионални војници добија решенија за служба во АРМ

07.09.2015 11:51

Новопримените 125-професионални војници ги добија решенијата. Во касарната „Илинден“ свеченост на која присуствуваа министерот за одбрана Јолевски и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Величковски. Најголемиот дел од примените ќе бидат ангажирани во специјалните единици. Наскоро се очекува новиот оглас за уште 125 армиски професионалци...

125 професионални војници ги добија решенијата. Најголемиот дел од примените ќе бидат ангажирани во специјалните единици. На конкурсот се пријавија над илјада кандидати. Најдобрите беа и на 24-дневен селективен курс на полигонот „Криволак“.

На свеченоста во касарната „Илинден“ присуствуваа министерот за одбрана Јолевски и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Величковски. Ресорниот министер истакна дека воената професија по многу нешта се разликува од другите професии, предизвик кој значи инвестирање во знаење и обука, но и во иднината.

„Во изминатите години си поставивме за цел да направиме мала, но мобилна, професионална и високо обучена армија, која ќе биде подтовена во секој момент да го брани и заштити територијалниот интегритет, независноста и суверенитетот на нашата татковина. Армија со 90 проценти пополнетост на единиците со персонал и опрема и 50 проценти спермна да биде заедно со нашите сојузници“, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Според Јолевски, за остварување на оваа цел спроведени се многу реформи, меѓу кои и трансформацијата на АРМ која треба да заврши до крајот на годинава, со тоа единиците и командите се групирани во поефикасна и поефективна воена структура. Со примањето на нови професионални војници, до крајот на 2015 година во Армијата треба да бидат поплнети командите и единиците со потребниот висококвалитетен обучен кадар.

Насоро се очекува новиот оглас за прием на уште 125 армиски професионалци. До крајот на годината треба да се заокружи бројот од 250 професионални војници во Армијата. 

 

Наташа Јанчиќ