Падна првата клапа од снимањето на францускиот филм „А Фонт“
Од снимањето на „А Фонт“ државата ќе инкасира околу 280.000 евра, односно според договорот француската продукциска куќа ќе издвои 4,8 милиони денари за реконструкција на стариот пат Велес – Градско...

Прва клапа од снимањето на францускиот филм „А Фонт“. Од денеска до 28-ми месецов поради снимањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај. Според договорот со продуцентите, обиколницата ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 7 до 19 часот се до 28-ми, освен викендите. После 28-ми септември, снимањето на филмот се сели на автопатот Неготино-Велес.
Од снимањето на „А Фонт“ државата ќе инкасира околу 280.000 евра, односно според договорот француската продукциска куќа ќе издвои 4,8 милиони денари за реконструкција на стариот пат Велес – Градско преку кој ќе биде пренасочен сообраќајот, како и 12,7 милиони денари средства кои Македонија би ги инкасирала од патарините за користење на автопатот и обиколницата доколку би биле отворени.
Филмот што француската „Шик филмс“ го снима е најавен како акциска комедија која ги следи доживувањата на едно француско семејство кое тргнало на летен одмор, но возилото им се расипало на автопат и не може да сопре бидејќи е без кочници. Премиерата на филмот се очекува во јуни идната година.
