Повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“

07.09.2015 13:04

Обвинителството побара повторно враќање на мерката претпазливост, односно одземање на пасошот на Заев...

Во скопскиот Кривичен суд повторно одложено рочиштето за случајот „Пуч“. На обвинителната клупа не се појави 4-то обвинетиот Зоран Заев.

Обвинителството побара повторно враќање на мерката претпазливост, односно одземање на пасошот на Заев. Одбраната останува на ставот дека е постигнат политички договор меѓу партиите според кој случајот треба да биде преземен од специјалниот јавен обвинител.

Лидерот на СДСМ, Заев јавно кажа дека не го признава македонското судство и поради тоа нема да присуствува на рочиштата. Во случајот „Пуч“ освен Заев, обвинети се екс-директорот на УБК Верушевски, неговата сопруга, општински службеник од Струмица и еден вработен од МВР. Се товарат за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.

Новото рочиште е закажано за 5-ти октомври.