Бизнис заедницата со иницијатива за менување на Законот за извршување
07.09.2015 13:16
Се бара решение на проблемот поради често користење на дискреционото право на претседателите на судовите да спречат наплата на побарување...

За да се надминат проблемите при наплата на побарувањата за кои се донесени правосилни судски одлуки, бизнис заедницата предлага измена на Законот за извршување.
Се бара решение на проблемот поради често користење на дискреционото право на претседателите на судовите да спречат наплата на побарување од жиро сметка на јавно претпријатие, општина, државна институција или орган.
