Франција влегува во броба против ИД
07.09.2015 13:30
Разузнавачките летови ќе почнат уште утре, по што ќе услетат напади на групи авиони...

Франција влегува во борбата против Исламска Држава. Претседателот Оланд нареди да почнат подготовките за воздушни напади врз нивните упоришта.
Разузнавачките летови ќе почнат уште утре, по што ќе услетат напади на групи авиони. Исклучена е можноста за праќање копнени трупи.
„Побарав од министерот за одбрана уште утре да почнеме со разузнавачки летови над Сирија. Тие ќе ни овозможат да ги испланираме нападите против ИДИЛ и да ја зачуваме слободата на одлучување и акција“, изјави претседателот Оланд.
