Надлежните го информираа Иванов за заканите и ризиците со кои се соочува Македонија
Службите разменуваат и добиваат податоци од странски партнери од Европската Унија и НАТО и од државите во регионот, со цел идентификување на ризиците кои произлегуваат од илегалната миграција, стои во дописот до медиумите...

Претседателот Иванов на работен состанок со челниците на институциите во системот за национална безбедност. Шефот на државата бил информиран за заканите и ризиците кои се последица од регионалните кризи и конфликти, а со кои се соочува Република Македонија, како и за мерките кои се преземаат за превенција и справување.
Службите разменуваат и добиваат податоци од странски партнери од Европската Унија и НАТО и од државите во регионот, со цел идентификување на ризиците кои произлегуваат од илегалната миграција, стои во дописот до медиумите.
Заканите со кои се соочуваме ја наметнуваат потребата од зголемена комуникација и соработка меѓу службите, навремен и превентивен одговор, и поголема транспарентност во работата на системот на контрола во собранието и институциите, истакнал на средбата претседателот Иванов.
На состанокот било дискутирано и за зголемување на капацитетите на специјалните сили и разузнавањето, но и за обврските од новата стратегија за одбрана.
