Ин-витро оплодување бесплатно за трето и за четврто дете

07.09.2015 15:00

Сѐ поголем број брачни парови се решаваат на ин-витро на сметка на Фондот за здравство. За граѓаните што сакаат многудетно семејство, биолошкото оплодување ќе биде бесплатно и за трето и четврто дете...

Не го трошете времето- апел од докторите до брачните двојки кои не можат да имаат дете по природен пат да работат на утврдување на причините. Плодноста е голем проблем во земјава – и затоа сѐ поголем број луѓе се решаваат на биолошки потпомогнато оплодување на сметка на Фондот. До 50 проценти е успешноста на ин витрото, кој што е условен од возраста на пациентите.

„Во моментов располагаме со најсовремена апаратура за биолошки потпомогнато оплодување- тоа ни овозможи да ја зголемиме стапката на успешност на Клиниката за гинекологија и акушерство, а би сакала да укажам дека располагаме и со опрема за витрификација, за замрзнување на ембриони и јајни клетки. Гордо чекориме со светските трендови во поглед на ин витро фертилизација“, изјави д-р Марија Хаџи Лега, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.  

Граѓаните кои сакаат многудетно семејство, а не можат да го сторат тоа по природен пат, ин витро оплодувањето ќе биде бесплатно и за трето и четвро дете. Одлука која најверојатно ќе биде донесена на следната владина седница.

Со законските измени за „ин витро“ оплодување ќе се укине сегашната партиципација од 6 илјади денари. Покрај финансиските ослободувања за семејствата, новата мерка ќе придонесе и за зголемување на наталитетот во земјава.  

Во последниве две ипол години 3.000 двојки поднесле барање за ин витро, 93 проценти од нив се позитивно решени. Фондот за здравство само во првите седум месеци годинава за „ин витро“ за прво и второ дете исплати 59 милиони денари. 

 

Андријана Атанасовска