Грција го разгледува барањето на САД да го затвори небото за Русија

07.09.2015 15:14

Руски медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно соопштила дека Атина му одговорила негативно на Вашингтон...

Грција добила од САД барање да и забрани на Русија да го употребува грчкиот воздушен простор за транспорт на помош во Сирија. Грчкото министерство за надворешни во соопштение извести дека тоа барање се разгледува.

Руски медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно соопштила дека Атина му одговорила негативно на Вашингтон.

Барањето доаѓа откако САД во саботата изразија загриженост поради информациите за зголемено воено присуство на Русија во Сирија.