Целосно локализиран пожарот во атарите на битолските села Цапари и Ротино
Не се исклучува можноста дека од човечки фактор намерно е предизвикан пожатрот што ноќеска околу 19 часот избувна во атарите на биотолските села Цапари и Ротино. Иако се стравуваше од поголеми штети огненета стихија уништи само двесетина хектари нискостеблеста шума, папрат и трева и еден автомобил „Мерцедес“ за кој се претпоставува дека се запалил како последица на техничка неисправност...

По синоќешната неколкучасовна битка со огнената стихија жителите на подпелистерските села Цапари и Ротино можат барем малку да се опуштат. Пожарот кој беше сериозна закана по нивниот имот окулу полноќ беше ставен под контрола, а неколку часа потоа и целосно локализиран.
Иако се стравуваше од поголема штета уништени се само окулу дваесетина хектари нискостеблеста шума сува трева и папрат. Сеуште нема официјален податок од што е предизвикан пожарот, но шпекулациите и сомнежите одат дотаму дека тој е намерно предизвикан од човечки фактор. И самите мештани велат дека ова не е прв пат да избувне пожар. Синоќешниот, чиј сојузник беше и ветрот беше вистинска закана.
Од битолската противпожарна единица која интервенираше со четири возила и петнаест пожарникари ја демантираат лиферуваната вест дека пожарот настанал по запалувањето на автомобол марка „Мерцедес“. Велат возилото беше опожарено половина час по избувнувањето на пожарот и на одалеченост од дестина километри. Се сомневаат на техничка неисправност. Велат најопасно било кога во еден момент огнената стихија го префрлила патот и завела правец кон селото Ротино и националниот парк Пелистер.
Иако пожарот е целосно локализиран, екипи на територијалната противпожарна единица и понатаму го надгледуваат опжареното место, а истражните органи остануваат во потрага по причините или сторителот на ова немило дело.
Стевче Митревски
