Оланд најави прифаќање на 24.000 бегалци и вклучување во акциите во Сирија

07.09.2015 16:50

Франсоа Оланд на својата редовна, седма по ред прес конференција во Елисејската палата од доаѓањето на власт во 2012-та, најави прифаќање на 24.000 бегалци и вклучување на француската авијација во акциите во Сирија...

Времето не е за синтеза туку за да се напарави избор. Овој збор францускиот претседател го употреби тринаесет пати во неговот обраќање до новинарите.

„Франција е подготвена да го преземи својот дел. Европската Комисија предлага или ќе предложи да се распределат 120.000 бегалци во текот на следните две години, што за Франција претставува 24.000 луѓе. Ние ќе го сториме тоа“, нагласи претседатлот Оланд.

Оланд се надева дека и другите партнери од Европската Унија ќе го направат истото, да напоменеме. Париз до неоадмна се противеше на ваквото распределување на бегалците.

Францускиот претседател смета дека бегалците треба да бидат прифатени во рамките на еден посебен механизам во Шенген просторот, како и воспоставување на гранични контроли во ЕУ, но и во земјите на транзит како Македонија „за регистрација и идентификација на бегалци во рамките на правото на азил“. При што најави и „Меѓународна конференција за бегалците во Париз“.

Новиот избор на Франсоа Оланд е стратешки пресврт: на „извидувачки летови“ на француската авијација во Сирија, во согласност со коалиција, која ќе им овозможи да се нападнат позициите на исламската држава. Со оглед дека постојат докази дека нападите врз повеќе земјите се организирани токуму од Сирија.

„Од министерот за одбрана побарав уште од утре да се спроведат извидувачки летови на Сирија, што ќе дозволи да се предвидат напади против ИД, со што ќе ја зачуваме нашата самостојност за одлучување и акција“, нагласи Оланд.

Францускиот претседател не можеше да остане со скрстени раце напсрпти бегалската криза и покрај противењето на крајната десница и дел од десницата за нивното прифаќање.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ