Пуштена во употреба катната гража „Тодор Александров“

08.09.2015 14:24

Катната гаража со над 600 нови паркинг места, а со својот облик е дел од мозаикот наречен модерно и функционално Скопје...

Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти и официјално новата катна гаража „Тодор Александров“ во центарот на Скопје. Катната гаража со над 600 нови паркинг места, а со својот облик е дел од мозаикот наречен модерно и функционално Скопје. Премиерот Груевски меѓудругото им го честита на големиот број присутни Денот на независноста на Македонија. 

Можноста да го празнуваме овој голем празник, како и можноста да живееме и твориме во слободна, суверена и независна држава, нагласи тој, е токму благодарение на големите дела кои што ни ги оставиле претходните генерации. Што ќе оставиме ние за следните генерации, подвлече, зависи од нас.

Преку празнување на ваквите големи празници, во изминатите неколку години воведовме пракса симболично да ги означуваме и делата кои ги остава оваа наша генерација. Нашите дела се наши честитки до граѓаните во вид на фабрики, нови работни места, патишта, булевари, водоводи, училишта, катни гаражи, музеи, театри, болници и многу други дела кои сме ги ветиле, истакна премиерот Груевски.