Охрид доби нов плоштад

08.09.2015 16:31

Синоќа во Охрид беше пуштен во употреба нов плоштад во чии рамки доминантно место место зазема фонтаната „Четирите рајски реки“. Мозаикот на фонтаната е изработен со мотиви од ранохристијанската базилика на плаошник и ќе биде уште една атракција за сите оние кои ќе го посетат охрид.

Охриѓани добија уште едно прекрасно катче за одмор и релаксација. Новиот плоштад кој е изграден во автентичен градски стил се наоѓа во непосредна близина на музичкото училиште  и се протега на површина од околу илјада метри квадратни. Просторот е партерно и хорлтикултурно уреден, илуминиран и во него се вклопени мал амфитеатар и две фонтани.

„Можеби ќе биде и причина за нови љубови или можеби пак романтичноста на оваа атмосфера ќе создаде услови за обновување на некои стари љубови. Просторот кај малиот амфитеатар ќе биде можност сите културни институции, дејци и уметници да организираат различни културни манифестации и уметнички да се изразуваат“, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Централно место на плоштадот имаат фонтаните од кои едната е украсена со мотиви од ранохристијанската базилика на Плаошник, која датира помеѓу 5 и 6 век и претставува реконструкција на антропоморфните претстави за четирите рајски реки.

„Направив реконструкција на сите тие портрети кои се и еднинствени портрети досега најдени од ранохристијанскиот период во Република Македонија. Самиот мозаик е работен 6 месеци врз основа на прецизни цртежи и камчиња обработени идентично како оригиналот со цел да се промовира овој вид на културно наследство кој ние го имаме“, изјави Никола Упевчеуметник.

Упевче мозаикот го работел според оригиналните зачувани портрети,а четвртиот кој недостига,реката Тигар е вметнат,така што ја надополнува сликата и е единствен ваков портрет во државата.

 

Сашо Нелоски