Институциите ги решаваат проблемите на граѓаните

08.09.2015 16:47

Владата ги разгледуваше барањата за решавање на низа проблеми посочени од локалното население на средбите со премиерот Груевски. 150- тина барања и предлози на маса пред министрите...

На координативен состанок, Владата ги разгледувала барањата за решавање на низа проблеми посочени од локалното население на средбите со премиерот Груевски. 150- тина барања и предлози на маса пред министрите. Се анализирале извештаите и степенот на реализација. Се договарале роковите, динамиката. Во постапка е распишуавње тендер за изградба на два крака од водоводот Ростуше.

Ќе се решава проблемот и со прекините во снабдување со електрична енергија. Според ЕВН – резултат на големото невреме минатата година по кое била извршена санација на оштетената мрежа. Планирани се дополнителни инвестиции.

Ќе се реконстрира и основното училиште Дитурија во Љубин. Градоначалникот на Студеничани задоволен од интервенцијата на владата и подршка во решавање на низа проекти во општината.

Од Владата најавија, ќе почне и асвалтирањето на улиците во Батинци. Договорени биле и повеке активности за Центар Жупа. На повеќечасовниот состанок, биле разгледани проблемите со кои се соочуваат жителите во Старо Нагоричане и барањето на премиерот Груевски за изработка детален акционен план за локалитетот Кокино – како посебен проект за збогатување на турстичката понуда.

Ваквата пракса на заседавање на координативното тело ќе продолжи и во иднина со цел, проблемите на граѓаните да добијат разрешница- велат од владиниот кабинет.

 

Марина Автовска