Биогориво за оранжерии
Со поскапувањето на мазутот се помал е и профитот на раноградинарите. Според експертите, во услови на голем број обновливи извори на енергија, треба да се менува застарениот начин за загревање на оранжериите.
Од 100 денари за килограм оранжериски зеленчук потрошувачите плаќаат дури 80 денари за потрошениот мазут.
Потрошената енергија треба да се намали со нови обновливи извори што ги има во отпадот од фармите, сончевата енергија и биогасот.

Постојните капацитети можат да се приспособат или да се инвестира во нова технологија за топлинска и електрична енергија за сопствени потреби и за продажба.
Во Струмичко е веќе почнато со производство на отпад од дрвна биомаса за загревање на пластениците .
Регулирањето на температурата е целосно автоматизирано без дополнителни трошоци.
Инвестицијата е исплатлива доколку фармерот сам го прави био-горивото и суровината е бесплатна.
Методија Трајков