Пуштена во употреба новата катна гаража „Тодор Александров“

08.09.2015 17:17

Во новата катна гаража „Тодор Александров“ која се наоѓа во срцето на градот има простор за 604 возила, паркинг места за лица со посебни потреби и 120 велосипеди...

Полека, полека се става крај на паркирањето возила на несоодветни места во центарот на Скопје. Во новата катна гаража „Тодор Александров“ која се наоѓа во срцето на градот има простор за  604 возила, паркинг места за лица со посебни потреби и 120 велосипеди. Модерен, современ објект кој на секој кат има изведена остава и тоалети за посетителите. Катната гаража е опремена со најсовремени уреди. Со неа ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“, а паркирањето ќе чини 30 денари за час.

Објектот е висок 23 метри, има бруто развиена површина од 29.000  квадратни метри и приземје, 7  ката над земја и две нивоа под земја. На приземјето и на првиот кат се предвидени само деловни простории, а другите катови се исклучиво наменети за паркира. Движењето на возилата по катовите се одвива преку спирална рампа со наклон од 13,3 проценти“, изјави Коце Трајановски – градоначалник на град Скопје.

Преку празнувањето на  големи празници во изминативе неколку години воведовме пракса симболично да ги означуваме  делата кои што ги остава  нашата генерација, рече премиерот Груевски. Нашите дела вели се наши честитки до граѓаните, во вид на фабрики,нови работни места, патишта, булевари, водоводи, училишта, канти гаражи, музеи, театри болници.

„Пред неколку години Скопје беше град без ниту една катна гаража. Со најголем број на тесни улици, со многу проблематични раскрсници, со многу метеж и гужви во сообраќајот . Во тоа време едно од нашите ветувања дека ќе воведеме ред во сообраќајниот хаос и ќе отвориме нови паркинг места кои ќе можат да ги апсорбираат автомобилите кои доаѓаат и се задржуваат во центарот на Скопје. Следена многу проекти и многу работа... Денес напредокот е евидентен и мисијата одлично напредува“, изјави премиерот Никола Груевски.

Во изминатите неколку години се изгради обиколницата, се изградија повеќе кружни токови се проширија најважните улици и булевари во градот. Пред неколку години немаше ниту една катна гаража, подвлече Груевски, ова е 10-та изградена  во Скопје.

 

Наташа Гркова- Петрушевска