Доделени државните награди „8-ми септември“

08.09.2015 15:23

Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело за 2015- тата во областа на спортот...

Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда, е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело за 2015 година во областа на спортот. Останати добитници, на државната награда „8 Септември“ се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски тренер, селектор и меѓународен судија во кик бокс.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасоски на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија истакна дека на овој голем дел каков што е денешниот се оддава признание на луѓе кои преку спортот на најдобар можен начин ја промовираат нашата држава на меѓународен план.