Нов напад во Турција
Сеуште никој не ја презел одговорноста за нападот, но инцидентот следи само два дена откако 16 турски војници беа убиени од бунтовниците на Курдската работничка партија...

Најмалку дванаесет полицајци загинаа, a тројца се повредени во бомбашки напад на минибус, во областа Игбир. Сеуште никој не ја презел одговорноста за нападот, но инцидентот следи само два дена откако 16 турски војници беа убиени од бунтовниците на Курдската работничка партија.
Турскиот премиер Даватоглу соопшти дека владата остро ќе му се спротивстави на тероризмот, а доцна синоќа беше одржан и состанок на националната безбедност.
Во меѓувреме турските воздухоловни сили жестоко ги напаѓаат упориштата на Курдската работничка партија во северен Ирак. Локалните медиуми соопштуваат дека нападите траеле шест часа при што биле убиени 40 милитанти.
