Франко Фратини - нов генерален секретар на НАТО?

17.01.2014 11:28

Поранешниот италијански министер за надворешни работи и еврокомесар Франко Фратини речиси сигурно ќе биде новиот генерален секретар на НАТО,  пишува австриски Ди Пресе “.

Потсетувајќи дека годинава ќе се одлучува за избор на нови личности на водечките функции во НАТО и во ЕУ, весникот наведува дека како што се ближи времето за донесување на одлуките, така има и се повеќе кандидати, меѓу кои е и Фратини.

Меѓу кандидатите за шеф на НАТО, се спомнуваат и  министерот за одбрана на Белгија Питер де Крем, шефот на полската дипломатија Радек Сикорски и Германецот Томас де Мезиер.

И покрај „раниот старт“, Фратини најверојатно веќе победил во трката и неговиот избор во моментов се смета за речиси сигурен, наведува „ Ди Пресе“, повикувајќи се на дипломатски кругови.