Годинава во Европа ќе пристигнат 400.000, а следната 450.000 бегалци
Според УНХЦР, Германија не може да биде трајно решение за овој европски проблем, па затоа комесаријатот бара да се отворат и прифатни центри во Македонија и во Грција, информира Хрватската телевизија...

Германија е подготвена годинава да прифати 800 илјади потенцијални азиланти, но Европа мора да понуди гарантирано преселување на сириските бегалци, со оглед дека рекорден број од нив транзитира преку Македонија и Грција, предупредува високиот комесаријат за бегалци на ОН.
Според УНХЦР, Германија не може да биде трајно решение за овој европски проблем, па затоа комесаријатот бара да се отворат и прифатни центри во Македонија и во Грција, информира Хрватската телевизија.
Се предвидува дека оваа година, преку Средоземјето, во Европа ќе пристигнат 400 илјади бегалци, а наредната 450 илјади.
