Јункер денеска ќе го претстави планот за распоредување на бегалците
09.09.2015 10:57
Се очекува комесарите на колегиум формално да го усвојат планот, а на јавноста официјално ќе и го претстави Јункер на денешното пленарно заседание на Европскиот Парламент...

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер денеска ќе го претстави планот со кој товарот за згрижување на бегалците ќе биде рамномерно поделен меѓу земјите членки.
Се очекува комесарите на колегиум формално да го усвојат планот, а на јавноста официјално ќе и го претстави Јункер на денешното пленарно заседание на Европскиот Парламент.
Неофицијално, со планот е предвидено раселување на околу 120 илјади бегалци кои моментално се наоѓаат во Грција, Унгарија и Италија во другите земји членки на ЕУ.
