Со штрајкот на „Луфтханза“ ќе бидат погодени 140.000 патници
09.09.2015 11:07
Штрајкот е 13 по ред од април минатата година...

Скоро 140.000 патници се погодени од штрајкот на пилотите на „Луфтханза“ кој ќе трае до вечерва на полноќ. Авиокомпанијата преку интернет и СМС ги информира своите патници за редот на летање во времето на штрајкот, кој сака законски да го забрани.
Штрајкот е 13 по ред од април минатата година, а овој пат е организиран поради долгорочен спор со Управата околу предвременото пензионирање на пилотите.
