Кумановско изобилува со археолошки локалитети
Кумановските археолози се зафатија со конзервација на богатиот архелошки материјал што беше донесен во Музејот по неколку месечните тереснки ископувања на локалитетите Кокино Татиќев Камен, Визијанус кај Клечовце и Пелинско градиште.Во лабораторијата на музејот се обработуваат керамичките садови како и монетите од Визианус каде што беше откриена средновековна базилика.

На подрачјето на кумановскиот регион се кријат непроценливи археолошки остатаоци кои допрва треба да истражат. Министерството за култура дава подршка со што сите три локалитети ги вброи во приоритените за работа оваа сезона.
По 12 години археолошките ископувања на Кокино се завршени , а по целосната конзервација на материјалот ќе може да се изготви апликацијата за негово ставање на листата на заштитетни споменици од УНЕСКО.
Новинар: Габриела Димковиќ
Снимател: Предраг Велиновски