Двајца повредени во пожар во авион во Лас Вегас

09.09.2015 11:10

Пожарот избувнал во момент кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување...

Две лица се полесно повредени кога пожар избувна во авион на компанијата „Бритиш Ервејс“ на аеродромот во американскиот град Лас Вегас. Пожарот избувнал во момент кога авионот се наоѓал на пистата и се подготвувал за полетување.

Според првичните резултати од истрагата, пожарот настанал откако се самозапалил едниот од моторите на леталото.