Тајфун го погоди централниот дел на Јапонија

09.09.2015 11:14

Невремето предизвика проблеми во сообраќајот како и поплави и лизгање земјиште...

Тајфун, проследен со поројни дождови и силни ветрови, ги погоди денеска централните области на Јапонија. Невремето предизвика проблеми во сообраќајот како и поплави и лизгање земјиште.

Во тек е евакуација на десетици илјади локални жители. Укинати се повеќе летови и возови, а над регионот на токио се регистрирани поројни дождови.