Италијански „Дијатек“ стартува со работа
Новата фабрика „Макдиа“ во Бунарџик, инвестиција на италијанската „Дијатек“ ќе биде свечено отворена денеска во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик...

Уште една странска инвестиција ќе проработи во Бунарџик. Новата фабрика „Макдиа“ во Бунарџик, инвестиција на италијанската „Дијатек“ ќе биде свечено отворена денеска во ТИРЗ Скопје 1 во Бунарџик.
Станува збор за вложување од 10 милиони евра во три производни линии од кои ќе бидат извезувани производи вредни 15 милиони на пазарите во Источна Европа, Медитеранот и Земјите околу Персискиот залив.
Процесот стартува со 30 вработени, а планирано е нивниот број да достигне 200. Значајно е што во изградбата на фабриката е инсталирана најсовремена опрема од ростфрај што ја произведе домашна фирма од Кочани.
„Дијатек“ е компанија која се вбројува меѓу светските лидери во дигитално печатење, а договорот за изградба на македонската фабрика беше потпишан со сопственикот Диего Моса, на 30-ти март годинава.
Свето Николовски
