Бесплатен зимски одмор за 1.000 деца во 2016-та година
Планирано е да се реaлизира овој проект во туристичките капацитети во Крушево и да започне со започнувањето на зимскиот училишен распуст...

Објавен е јавен повик за бесплатниот зимски одмор за децата од семејства од ранливите категории, како и за децата со пречки во развојот. За шест дневно зимување во Крушево можат да се пријават сите дечиња од 5-то до 9-то одделение.
„Планирано е да се реaлизира овој проект во туристичките капацитети во Крушево и да започне со започнувањето на зимскиот училишен распуст. За реализација на овој проект годишно издвојуваме околу 12.000.000 денари, односно 8.000.000 денари за бесплатен летен одмор за околу 2.000 дечиња и бесплатен зимски одмор за 1.000 дечиња во износ од 4.000.000 денари“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Овој прокет се реализира од 2012-та, а досега правото на бесплатeн летен и зимски одмор го искористиле 11 илјади деца.
