Јункер: Време е за акција
Во својот говор пред пратениците на Европарламентот порача дека не е време за одолговлекување како ништо да не се случува...

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер денеска ги повика земјите членки на Европската унија без одложување да го прифатат сеопфатниот план за распоредување бегалци од подрајчето на Блискиот Исток и од Африка.
Во својот говор пред пратениците на Европарламентот порача дека не е време за одолговлекување како ништо да не се случува. Тој истакна дека е време да престанат препукувањата меѓу земјите- членки, за кои, како што рече, секогаш го вперуваат прстот кон Брисел кога не ја работат добро својата работа.
Германската канцеларка Ангела Меркел по повикот на Јункер, изјави дека е потребен обврзувачки договор за распределба на бегалци меѓу земјите- членки според праведен критериум. Исто така рече и дека не може да се одреди долната и горната граница на бројот на бегалци.
