Нов повик на Фондот за иновации до крајот на септември
За да се надминат проблемите со кои се соочија апликантите од микро и макро претпријатијата, се органзираат обуки за анализа на ризикот, пазарниот потенцијал, презентација на правата од интелектуална сопственост...

До крајот на септември Фондот за иновации ќе додели 1,7 милиони евра на најкреативните иноватори. За да се надминат проблемите со кои се соочија апликантите од микро и макро претпријатијата, се органзираат обуки за анализа на ризикот, пазарниот потенцијал, презентација на правата од интелектуална сопственост.
На огласот може да се пријават старт-ап и спин-оф претпријатија и тој ќе биде наменет за комерцијализација на иновации, зa трансфер на технологии и деловно-технолошки акцелератори.
„Забележавме дека има неколку проблеми во пополнување на проектната апликација и токму затоа сега посветуваме посебно внимание на четири теми кои беа проблематични за апликантите“, вели директорката на Фондот, Јасмина Поповска.
Обуката ја следат 50 лица, кои ќе добијат инструкции како да аплицираат и како од идејата да направат пари.
„За да научите како да заработите пари од иновациите, мора да знаете како да го читате пазарот и како да заработите пари од иновациските програми“, изјави Питер Мегурошје, предавач од Унгарија.
На првиот повик беа доделени 450.000 евра во кофинансирани грантови на 16 компании. Пристигнаа вкупно 78 апликации. Половина од избраните проекти за финансирање беа од информатичките области.
Дијана Ценевска
