Нов трговски и бизнис центар и нова општинска зграда во Ѓорче Петров
Инвестицијата е јавно- приватно партнерство, чини 30 милиони денари, и треба да биде завршена до април 2017-та...

Нов модерен бизнис центар, во чиј склоп ќе биде и општинската зграда се гради во Ѓорче Петров. Инвестицијата е јавно- приватно партнерство, чини 30 милиони денари, и треба да биде завршена до април 2017-та.
„Трговскиот центар ќе нуди услуги кои во моментов не се достапни во сличните центри. Станува збор за целосно опремување на просториите за ИТ компании. Тие простории мора да исполнуваат високи стандарди и потреби во своите канцеларии“, истакна инвеститорот Сеад Кочан.
За градоначалникот на општина Ѓорче Петров, ова јавно приватно партнерство покажува дека се можни големи проекти.
„Општината ќе има најсовремена зграда, што позитивно ќе се одрази на ефикасноста на општинската администрација. Поквалитетна и побрза услуга за жителите на нашата општина е придобивката од овој проект“, изјави Сокол Митревски, градоначалник на општината Ѓорче Петров.
Трговскиот е лоциран во најурбаниот дел од општината, со директен излез на кружниот тек, појаснуваат од „Фортон Македонија“.
