1,1 милион евра за поквалитетен воздух

09.09.2015 13:52

Овој проект е веќе во фаза на реализација. Воздухот во двата града е најзагаден во земјава, велат надлежните...

1,1 милион евра од европските претпристапни фондови за контрола на квалитетот на воздухот во Скопје и во Тетово. Овој проект е веќе во фаза на реализација. Воздухот во двата града е најзагаден во земјава, велат надлежните.

„Го следиме загадувањето на воздухот осоебно од ноември до март во земјава, кое напати изнесува до 30 пати повеќе од нормалните вредности. Во врска со тоа со задоволство го одбележувам спроведувањето на поректов чија цел е управување со квалитетот на воздухот за кој се одвоени 1, 1 милиони евра од европските фондови“, изјави евроамбасадорот Аиво Орав.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири истакна дека Македонија успешно ја има подготвено законската легислатива во областа на воздухот во која се транспонирани директивите на ЕУ.

Според него, Македонија постојано се приближува кон клучните институции на ЕУ во областа на квалитетот на воздухот, а со овој проект се овозможува континуитет на позитивните резултати од досега имплементираните проекти за квалитет на воздухот.