Иванов: Очекуваме напуштање на статус-кво состојбата на претстојниот самит на НАТО

09.09.2015 13:59

Претседателот Иванов, кој учествува на Форумот на млади лидери во Полска, порача дека земјава го заслужи местото на самитот, кој идната година треба ќе се одржи во Варшава...

Македонија – полноправна членка на НАТО во 2016-та година. Претседателот Иванов, кој учествува на Форумот на млади лидери во Полска, порача дека земјава го заслужи местото на самитот, кој идната година треба ќе се одржи во Варшава.

„Очекуваме на НАТО самитот да се напушти статус- кво состојбата што ја имаме во поглед на нашето интегрирање во НАТО, бидејќи сите наши обврски што ги имавме се исполнети, завршен е и 16-от МАП и почнуваме со 17-от МАП. Армијата на Република Македонија е најпроверувана и ги исполнува условите да биде дел од НАТО“, изјави претседателот Ѓорге Иванов за МРТ.