На мигрантите пукале со огнено оружје блиску до брегот на Грција
Според сведочењето на еден мигрант од Сирија којшто бил во чамецот, ги пресретнале 5 маскирани лица, пукале со автомат и им го пресекле цревото за довод на гориво...

Во очекување политиката да ја реши нивната судбина, илјадници бегалци секојдневно се среќаваат со се подраматични ситуации. На еден чамец пренатрупан со бегалци, блиску до брегот на Грција е пукано од огнено оружје.
Според сведочењето на еден мигрант од Сирија којшто бил во чамецот, ги пресретнале 5 маскирани лица, пукале со автомат и им го пресекле цревото за довод на гориво. Ги оставиле сред море, но за среќа набргу дошла турската крајбрежна стража.
Драма и во прифатниот центар на унгарско- српската граница. Таму има приближно 5 илјади бегалци. Некои чекаат автобус за да ги превезе до ближниот транзитен центар, а другите пешачат, заобиколувајќи ја полицијата.
