Метео: Утре облачно и врнежливо
09.09.2015 14:31
Не е исклучена можноста и за појава на невреме.Температурите значително ќе опаднат во однос на денешните...

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и врнежливо време проследено со ретка појава на грмежи.
На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврне над 30 литри на метар квадратен, особено во западните региони од земјава.
Не е исклучена можноста и за појава на невреме.Температурите значително ќе опаднат во однос на денешните.
Дали овие временски услови ќе продолжат и во наредните денови?
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
