Еден загинат во сообраќајка на патот Охрид- Струга
09.09.2015 14:47
До несреќата дошло кога автомобил „Голф“ со струшки регистарски таблички со кој управувала загинатата, од непознати причини преминал на спротивната страна од коловозот...

Во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу 10 часот се случи на стариот регионален пат Охрид-Струга во близина на Подмоље, животот го загуби 26-годишна жена.
До несреќата дошло кога автомобил „Голф“ со струшки регистарски таблички со кој управувала загинатата, од непознати причини преминал на спротивната страна од коловозот и директно удрил во автобус кој се движел во спротивен правец.
Јавен обвинител е на местото на несреќата.
