Институциите ги решаваат проблемите на граѓаните

09.09.2015 17:00

Во следните 12 дена ќе биде отворен огласот за лекар во кумановското село Пчиња. Ќе треба да обезбеди здравствена заштита за уште три населени места и да опслужи вкупно 1.300 жители. На владината коориднативна средба, ресорот култура задолжен да изготви акционен план за дополнителна промоција и развој на Кокино...

Oбјавен оглас за лекар во селото Пчиња по барањата на жителите  од овој крај, кој што ги посети премиерот Груевски. Докторот, освен за Пчиња, ќе треба да обезбедува здравствена заштита и на населените места Студена бара, Валкав и Винце. Ќе се опслужат 1.300 жители.

Во делот на културата, на владината координација, премиерот Груевски ја задолжил министерката Елизабета Канчевска- Милевска да достави акционен план за дополнителна промоција и развој на Кокино.

Во обраќањето на свечената академија по повод Денот на независноста, Груевски порача дека посетите на терен се за решавање на проблемите на граѓаните, но, и за одржување бистра сликата за реалноста кај политичарите.

„Мораме да продолжиме директно да се соочуваме со проблемите на луѓето, да ветуваме и да го реализираме нивно решавање. Независноста ни даде одврзани раце да бидеме свој на своето. Сами како држава и народ да ги носиме одлуките за нас. Сега, оваа наша држава, мораме на најдобар и најефикасен начин да ја модернизираме, зајакнуваме и континуирано да ја реформираме кон подобро. За доброто на народот, бидејки народот е државата“, рече премиерот Никола Груевски.

Груевски најави дека Владата останува фокусирана на континуираните реформи и на стратешките цели, но, паралелно со ова ќе остане во директен контакт со народот.

 

Игор Панов