Сослушување на експерти во „Монструм“
Во скопскиот кривичен суд денеска ќе бидат сослушани експертите од одделот за криминалистички вештачења на МВР кои треба да кажат дали седмообвинетиот Сами Љута бил дел од групата која го изврши петкратното убиство кај Смиљковското езеро. Ова е второ сослушување на форензичарите кои со анализа на микротраги пронајдени во автомобилот Опел Омега и подигнати од самото место, претходно потврдија дека обвинети во случајот Монструм биле на местото на злосторството.

Двајца од обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои обвинителството ги посочува како извршители на убиството издржуваат затворска казна во Косово кадешто се осудени за нелегално поседување оружје. Македонското министерство за правда поднесе барање за нивна екстрадиција, но двајцата обвинети се повикаа на косовските државјанства и за сега е неизвесно кога ќе бидат испорачани во земјава.
Новинар: Анита Димитријевска