Рускиот пазар се отвора за македонската месна индустрија
За ресорното министерство освојувањето на рускиот пазар значи развој на македонското земјоделство...

Наскоро домашните месни преработки на рускиот пазар. МИК Свети Николе на пат да ги исполни условите и критериумите за извоз на пазарот кој за македонската месна индустрија ќе значи сигурен развој. Компанијата веќе обелодени, дека планира откуп на 25 илјади гоеници.
„Овие барања кои се доставени за нас се многу есноставни, бидејќи пред се работи за контролата на анализите кои треба да се извршат. Станува збор за домашно конзумно месо кое потекнува од домашните фарми“, вели Влатко Георгиевски, директор на МИК Свети Николе.
Агенцијата за храна и ветринарство со стручна помош за команиите кои во наредните 60 дена треба да ги исполнат руските стандарди.
„Нашето законодавство е потполно усогласено со европското законодавство, но има разлики со руското. Во тој дел треба да се усогласат опраторите со храна и нашите инспектори“, изјави Зоран Поповски, АХВ.
За ресорното министерство освојувањето на рускиот пазар значи развој на македонското земјоделство.
„Да не очекуваме дека ние ќе сме тие што ќе ги диктираме цените. Напротив треба да обезбедиме такви услови за да можат да ги продаваат своите производи и да ги скинеме бариерите“, нагласи министерот за земјоделство, Михаил Цветков.
За бизнис заедницата, рускиот пазар е интересен. Овошје, зеленчук и млечни производи со знакот произведено од Македонија има на рускиот пазар.
„Го ставивме клучот во бравата, ги отворивме вратите и сега останува на компаниите да го планираат производството за да можат да извезуваат повеќе на рускиот пазар“, рече Дејан Бешлиев, претседател на Македонско - руската стопанска комора.
Според статистичките податоци во првите шест месеци од годинава размената со Русија била 13,9 милиони долари, додека руската покажува 46 милиони долари.
Дијана Иванова
