Обиколницата околу Скопје отворена за сообраќај
10.09.2015 08:54
Согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, ве известуваме дека обиколницата околу Скопје во текот на денешниоѕ ден повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија...

Скопската обиколница денеска повторно е пуштена за сообраќај, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Во името на продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА ПРОДУКЦИЈА, согласно со временската прогноза по која се најавува дожд, ве известуваме дека обиколницата околу Скопје во текот на денешниоѕ ден повторно ќе биде ставена во употреба на граѓаните на Република Македонија, се вели во соопштението од АМСМ.
Поради снимањето на францускиот филм „А Фонд“ обиколницата ќе биде затворена во одредени временски интервали.
