Облачно со врнежи од дожд
10.09.2015 10:23
Влажната и нестабилна воздушна маса од Медитеранот што ја зафати Македонија предизвика изобилни врнежи од дожд, особено во западните и југозападните делови од земјата...

Иако летото календарски се уште трае, времето е есенско. Влажната и нестабилна воздушна маса од Медитеранот што ја зафати Македонија предизвика изобилни врнежи од дожд, особено во западните и југозападните делови од земјата.
Значителен пад и на температурите. Максималната температура се очекува да достигне до 22 степена. Врнежите од дожд ќе продолжат и утре, но со послаб интензитет.
Од викендот следува период на стабилно и потопло време, велат од УХМР. Од Дирекцијата за заштита и спасување уверуваат дека тимовите се подготвени за интервенција од евентуални поплави.
